Ова што сега сеслучи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото. Јас неколку пати имам давано изјави во врска со тоа бесчовечно и безмилосно труење на кучињата скитници кои како што опишуваа граѓаните умираа во една страшна агонија и околу нив се собираат љубопитни деца тоа го гледаат, практички невозможно е во таков случај да се случи труење, но теоретски е можно, некои од децата да го допира и да дојде во контакт, изјави вчерашното гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија Д-р. Андон Чибишев.
-Метомилот е генеричко име на еден пестицид, кој што припаѓа на големата група пестициди кои што наоѓаат голема примена во земјоделието и секојдневниот живот. Заштитното име е Ланате. Инаку пестицидите според намената можат да бидат инстикциди за уништување инсекти, фунгициди за уништување на габи, хербициди за уништување на штетна плева и тн. Според хемискиот состав можат да бидат органофосфорни пестициди, карбамати и други. Метомилот припаѓа во групата карбаматни пестициди, објасни Чибишев.
-Морам да нагласам дека едно современо земјоделие не може да се замисли без употреба на пестициди, меѓутоа во позитивните законски прописи кои што се донесени во Република Македонија многу строго се дефинирани, како се произведува, како се дистрибуира и како се употребуваат одредени хемикалии кои што се користат во земјоделието. Истото е регулирано во законот за промет на отрови, истакна доктор Чибишев.
-Ова што сега сеслучи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото. Јас неколку пати имам давано изјави во врска со тоа бесчовечно и безмилосно труење на кучињата скитници кои како што опишуваа граѓаните умираа во една страшна агонија и околу нив се собираат љубопитни деца тоа го гледаат, практички невозможно е во таков случај да се случи труење, но теоретски е можно, некои од децата да го допира и да дојде во контакт, изјави тој.