Цветин Чилиманов, пораненеп дописник од Вашингтoн, по најновите изјави на Заев околу датумот за преговори со ЕУ:

„Стварно значи лаже без усул. Хан вчера на пресот рече дека „малцинство држави“ имало забелешки за отворањето преговори со Македонија. Црпнатиот денес вика дека никој не бил против. Значи што, Хан лаже, Антонио лаже? Ако не биле против, што не ти дадоа преговори? И кога Грција сама беше против, заклучокот на крај гласеше дека сите земји се едногласни во тоа дека заклучокот е негативен. Можеби некој министер ќе излезеше со издвоено мислење за да собере политички поени дома или да ни изрази сочуство, но штом една земја е против, тогаш се носи едногласен заклучок дека нема позитивна одлука. Французите веќе отворено се изјаснуваат дека се против и секое проширување на Унијата го прогласуваат како заговор на Британците, кои ете, си одат од ЕУ, ама сакаат заминување да ја направат Унијата нефункционална така што ќе и натопорат уште еден куп сиромашни балкански земји. Лаже како што лажеше дека ќе поднесе оставка (му покажаа од ЕУ колку им е гајле ако си оди и ако ВМРО се врати на власт), како што лажеше за датумот во јуни. Ќе го влечкаат ова на секои 2-3 месеци со нови лаги и ветувања. Домашното спроведување на договорот од Преспа е директно поврзано со отворање на преговори со ЕУ. Мора веднаш да престанеме со користење на „северна“, додека не ни дадат преговори (а богами ни тогаш).“