Ова се слики на Су Томбли – еден од најскапите уметници на сите времиња. Цената на неговите шкртаници се движи до 75 милиони долари!, пишува на својот ФБ профил Божидар Живковиќ, белградски проценител на уметнички дела и уредник на книжевен часопис.
Божидар ЖИВКОВИЌ
Понатаму, тој вели:
„За да ја уништат културата, ТИЕ ги поддржуваат најопскурните и најбаналните псевдо-уметници, ги нарекуваат генијалци и ги одредуваат цените на нивните често дилетантски слики, скулптури, инсталации и слично на милиони долари.
Тие избираат ликовни критичари, кои имаат огромно влијание во светски размери, врз основа на нивното воодушевување од овие „генијалци“. Таквите ликовни критичари потоа ги доведуваат во заблуда луѓето и едноставно ги принудуваат да ја сакаат кич-уметноста на најлошите претставници на уметничката сцена.
А народ, како народ, ја проценува вредноста на едно дело исклучиво преку измислената цена на делата. Така, кругот се затвора, се создава мит и се создава квази-уметничка сцена за оние кои немаат што да му дадат на човештвото, а се инструментализирани и употребливи за промоција на разни сомнителни агенди, користејќи ја елитистичката кич култура како екран и димна завеса…“, пишува Живковиќ.
На ова за што пишува Живковиќ, реагираше и македонската уметничка, Ирена де Павлова Одорико, која живее и работи во Италија, пишувајќи:
„Совршено објаснување на динамиката на кичот
Додека постојат вакви ,,уметнички” мафии, и натаму ќе има уметници што гладуваат.
Плането, неправедна си.“