Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во вторник ќе биде домаќин на Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2021.
Членот на Келн, Дарко Чурлинов ветува максимално залагање на сите што ќе добијат шанса да играа.
– Работиме напорно за следните натпревари. Моментално се концентрираме на натпреварот со Фарски Острови. Би кажал дека ниту една репрезентација не е за потценување, па ни нашот прв противник. Би требале да дадеме се од себе за да победиме на натпреварот и се надевам на добри резултати и на овој и на следните натпревари во овој циклус. Атмосферата во нашата репрезентација е одлична, и искрено се надевам дека така и ќе остане, изјави Чурлинов.
Натпреварот ќе се игра на на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 16 часот.