Грчкиот премиер, Алексис Ципрас изјави дека атмосферата за време на работниот ручен во Отешево, на брегот на Преспанското езеро била многу добра, речиси како на свадбен прием.

-Атмосферата беше многу добра, речиси како на свадбен прием, рече Ципрас говорејќи за работниот ручек со македонскиот премиер, Зоран Заев, пренесе новинската агенција „АНА“.

Како што се наведува, Ципрас и покрај инсистирањето на новинарите, одбил да открие повеќе детали за работниот ручек.

Грција и Македонија денеска го потпишаа договорот со кој се предвидува новото име на земјава да биде Република Северна Македонија. Договорот за решавањето на македонско-грчкиот спор и стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција го потпишаа шефовите на дипломатиите, Никос Коѕијас и Никола Димитров, во присуство на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Договорот беше потпишан на местото Псарадес на грчката страна од Преспанското езеро, по што делегациите на двете земји запловија на брегот на македонската страна од езерото, каде заедно ручаа.