Лидерите на коалициските партнери во грчката Влада, премиерот Алексис Ципрас и министерот за одбрана Панос Каменос, прво ќе ја чекаат разврската во македонското Собрание околу усвојувањето на уставните амандмани, па потоа ќе ка одржат најавената средба.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, иако средбата беше неофицијално најавувана за денеска, а и самиот премиер на Грција ја спомена тоа во неговот завчерашно интервју, таа сепак е одложена.

– Додека не се отстрани блокадата што постои во ПЈРМ решивме да ја одложиме средбата со премиерот, изјави Каменос, кој е лидер на Независни Грци, пред почетокот на состанокот на пратеничката група на неговата партија.

Тој додаде дека „сите работи се меѓусебно поврзани“ и дека е во отворена комуникација со Ципрас, нагласувајќи дека „не може да се одржи средба врз основа на сценарија“.

Како што претходно објави МИА, Каменос утрово изјави дека ниту е министер во заминување.