Монашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, а централниот концерт ќе се одржи денеска во митрополитскиот храм посветен на Благовештение на Богородица , јави дописничката на МИА од Атина.

На настанот ќе присуствуваат викарниот епископ на Атинскиот Архиепископ и на цела Грција, градоначалникот на Атина, претставници на Министерството за образование и други епископи и свештенослужители.

Првиот меѓународен фестивал на православната црковна музика ќе се одржи во Атина од 3 до 5 декември 2021 година, под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија.

Настаните во кои учество ќе земе Бигорскиот монашки хор продолжуваат и следните два дена на различни локации низ Атина.