На 06.03.2019 во 17.15 часот во СВР Куманово, од Медицински центар Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово, кое, по исказ на неговата мајка, испило неколку таблети кои таа ги користела.

Детето било препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(28) и С.Р.(25), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 23.09.2018 во Казнено-поправниот дом Штип, второпријавената, при посета на првопријавениот, кој издржувал казна затвор, се обидела да внесе хероин, кој биле откриен при преглед од надзорници. По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот претходно договорил набавка на наведената количина хероин од непознато лице.

На 06.03.2019 во 15.50 часот на патот село Габрово-село Свидовица, непосредно пред влезот во село Банско, струмичко, заради контрола, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ж.Д.(27) од село Куклиш, струмичко, во кое биле затекнати и Т.Ј.(24) и 17-годишник, двајцата од село Куклиш.

При преглед на возилото полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и мобилен телефон. По насока од Јавен обвинител, Ж.Д. и Т.Ј. биле лишени од слобода и задржани во СВР Струмица. Со нив бил извршен разговор, а малолетникот дополнително ќе биде повикан да даде изјава. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 06.03.2019 во 08.00 часот во Полициска станица Радовиш, лекар од Здравствен дом Радовиш пријавил дека кај нив со повреди на левата рака бил донесен Ж.М.(59) од село Конче.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на неговото работно место во рудник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар, до надлежното Јавно обвинителство, против Б.О.(32) од Дебар поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Тој бил затекнат во домот на А.М. од Дебар, каде полициски службеници вршеле претрес, при што, кај него била пронајдена марихуана.

На 06.03.2019 во 23.40 часот во СВР Скопје, Ф.К.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот во казино на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил физички нападнат од Н.И.(35) од село Сарај, скопско.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 06.03.2019 во 13.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Медицински центар Кочани бил донесен А.А.(19) од Кочани кој се здобил со тешки телесни повреди на работно место во фирма во Кочани.

А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.П.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 29.08.2018 во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и амфетамин.

На 07.03.2019 во Полициското одделение Петровец, С.Т.(63) од Скопје пријавил дека на 06.03.2019 околу 21.10 часот во населба Илинден, во неговото такси возило, физички бил нападнат од патникот С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.03.2019 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 10.00 часот во домот „Ранка Милановиќ“ 16 – годишник бил физички нападнат од друг малолетник на возраст од 17 години, двајцата штитеници во установата. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 06.03.2019 во 16.35 часот во Полициската станица Центар, пријавeно е дека се оддалечило 16-годишно лице – штитеничка на Центарот за социјални работи, која повеќе пати се оддалечувала од домот и е враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.