Течат разговорите за смена на досегашното име и на Македонската академија на науките и уметностите.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека разговорите за преименувањето на МАНУ се одвиваа добро.

– Преименувањето ќе се случи, вели Заев.

Тој додава дека МАНУ треба да избере дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Но, Заев потенцира дека е многу важно како е регистрарана МАНУ низ светот и, подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.

– Верувам дека работите се движат позитивино, рече Заев.

Тој истакна и дека во тек е спроведувањето на владината одлука за преименување на 136 државни институции.