Црногорското Национално координативно тело за заразни болести им препорача на сите верски заедници на цела територија на земјата верските обреди да ги вршат без присуство на граѓани во храмовите.

Тоа е соопштено по седницата, на која претседавал шефот на Националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ.

Бројот на активно заболени случаи од коронавирус во Црна Гора изнесува 1.582 лица.