Проследете еден извадок од годишното обраќање на Бранко Црвенковски, тогашен претседател на РМ, пред пратениците на Собранито на РМ во декември 2005 година, а кој се однесува токму на преговорите со Грција:
„Почитувани пратеници
Во текот на 2005 година разговорите околу разликите за името на нашата земја во Њујорк добија на динамика. Посредникот Нимиц излезе со два формални предлози за надминување на спорот. Вториот, поднесен во октомври оваа година, од наша страна беше прифатен како добра основа за понатамошни преговори и конечно надминување на ова отворено прашање. На тој начин, РМ уште еднаш ја демонстрираше својата конструктивност и искрена желба за решавање на овој проблем. За жал, Република Грција го отфрли овој предлог. Се надевам дека ова е дефинитивен став и дека уште еднаш ќе биде преиспитана можноста за прифаќање на понуденото решение.
Уште еднаш ќе потенцирам дека наша цврста опредлба е да биде сочувано уставното име и за домашна и за меѓународна употреба. При тоа, не полагаме ексклузивно право на поимот Македонија, ниту во географска, ниту во историска смисла. Наша цел не е Грција од овој процес да излезе со чувство на пораз или повредено достоинство. Напротив, наша определба и интерес е со нашиот јужен сосед да развиваме искрени пријателски односи, заемна почиот и сестарна соработка“, истакна тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.