Ако сега се отвори Уставот за внесување на Бугарите, тоа ќе биде отворање на македонскиот ковчег, вели проф. д-р Љубомир Цуцуловски.

Тој во објавата на Фејсбук пишува:

– Ковчег! Ако досегашното отворање на Уставот, вклучувајќи ги и т.н. договори со Грција и Бугарија, претставуваше отворање на Пандорината кутијата, неговото повторно отворање би било своевидно отворање на македонскиот ковчег, по што би следело поклопување/заклопување, по кое ќе нема излегување од него. Сепак, сестрано се работи на тоа, објави Цуцуловски на Фејсбук.