Вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои 12 активни, два под контрола, а 16 изгаснати, се регистрирани денеска до 18:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица, с. Цветово – м.в. „Калдиред“, с. Количани – м.в. „Краста“ – с. Црвена Вода (мешана шума и ниска вегетација); Општина Чашка: с. Јаболчиште, м.в. „Биков Гроб“ (букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација); Општина Липково 1: с. Стрима, м.в. „Гури Куќ“ (борова шума и нискостеблеста шума); Општина Липково 2: с. Матејче (ниска вегетација); Општина Дебарца: с. Лактиње; Општина Виница: с. Лески (стрниште и ниска вегетација); Општина Врапчиште: с. Добри Дол (ниска вегетација); Општина Битола: с. Кукуречани (стрниште и ниска вегетација); Општина Новаци: с. Добромири, покрај Црна Река (ниска вегетација и шамок); Општина Прилеп 1: с. Ерековци (ниска вегетација); Општина Прилеп 2: с. Шелеверци (стрниште и ниска вегетација); и Општина Прилеп 3: с. Средорек (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во Општина Куманово: депонија „Краста“ (ѓубре); и во Општина Кочани: с. Грдовци – с. Мојанци (дива депонија – гуми и дрва).

Изгаснат се пожарите во Општина Сарај: с. Долно Свиларе (борова шума); Општина Центар: бул. „Гоце Делчев“ (ѓубре); Општина Чаир: ул. „372“ (ниска вегетација); Општина Аеродром: Долно Лисиче (ѓубре и ниска вегетација); Општина Гази Баба: с. Идризово (нива); Општина Могила 1: с. Мусинци (стрниште и ниска вегетација); Општина Могила 2: с. Српци – с. Беранци (стрниште и ниска вегетација); Општина Долнени: с. Локвени (стрниште и ниска вегетација); Општина Демир Хисар: с. Кутретино (грмушки и ниска вегетација); Општина Босилово: с. Секирник (ниска вегетација); Општина Василево: с. Нова Маала (ниска вегетација); Општина Македонска Каменица: с. Моштица, м.в. „Павлиш дол“ (ниска вегетација); Општина Виница: с. Драгобрашта (смреки и ниска вегетација); Општина Куманово: с. Романовце (ниска вегетација); Општина Кратово: градска депонија (ѓубре); и Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација).