Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска одбележува 21 година од своето основање, одбележувајќи повеќе од две децении посветеност, одговорност и континуиран развој во служба на граѓаните.

Од 2005 година до денес, ЦУК претставува значајна алка во националниот систем за управување со кризи, со клучна улога во превенцијата, раното предупредување, координацијата и навременото постапување во услови на кризни ситуации и итни состојби.

-Низ годините се развиваме и модернизираме, следејќи ги современите предизвици и потребата од побрз и поефикасен одговор. Воведувањето и развојот на единствениот Европски број за итни повици 112 претставува еден од најзначајните чекори во унапредувањето на системот и грижата за безбедноста на граѓаните – велат од ЦУК.

Од Центарот посочуваат дека и во иднина со искуство, посветеност и одговорност, продолжуваат да градат модерен и ефикасен систем – секогаш подготвен да одговори тогаш кога е најпотребно.