Да се засрамите сите македонисти и универзитетски професори кои што денеска го пречекавте, му апалаудиравте, се смеевте на недоветните шеги и се сликавте со човекот кој го урниса статусот на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската држава!
Ваква порака преку Твитер денеска упати поранешната министерка Ганка Цветанова во врска со денешната конференција што ја организираше Институтот за македонски јазик, а на која присуствуваше и премиерот во заминување, Зоран Заев.
Тој денеска присуствуваше на отворањето на четвртата Меѓународна научна конференција што ја организираше Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови.
Пречекот што му беше приреден на Заев, за професорката Цветанова е срамен за сите присутни.