Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

„Алооооо, кажете и на госпожата на МТВ во „ТВ Училница“ да престане да кажува СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! Такво нешто не пишува ни во учебниците, се’ уште не успејаа да ја сменат таму.

На слајдовите си стои Република Македонија, а таа вергла ли вергла некаква СЕВЕРНА?!

Да, Оливер Спасовски ви беше гостин во училницата, но не мора да слушате директиви и да ја додавате глупоста контра јужната пред секоја РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!

Дајте бре бар во време на корона олабавете, луѓе ќе менуваат канали, биљмези испаѓате, ко прес на Влада да слушаме!

СРАМОТА Е!

Јас на ќерката и објаснувам дека госпожата тресе зелени и дека не е така. Аман бе луѓе…“

Инаку директор на МРТВ е вмровецот Марјан Цветковски за кого пред неколку месеци беше поднесена кривична пријава до ОЈО, а уредник на првата прогрма е Анета Андонова.