Националната установа Стоби, на ФБ прикажа фотографии од работата на мозаикот на, според Установата, најстарата ранохристијанска црква во Македонија.

Според објавеното, мозаикот има површина од 160 м2, што само по себе, покрај сочуваноста, дава слика за енормното негово значење за нашата историја и за историјата на христијанството во Македонија.

Но, тоа што е „интересно“, ако воопшто може така да се оквалификува, е дека според „Националната установа Стоби“, станува збор за мозаик „што го красел подот на најстарата ранохристијанска црква во Република Северна Македонија“.

Како тоа црквата и мозаикот станаа „северни“ засега не е јасно.

Археологот Раде Атанасов, под објавата на „Националната установа Стоби“ искоментирал:

„Како може објект од 5-6 век, да биде во Република Северна, кога таа е творба (глупост), од 2019 г… Петнаесет години како археолог работам на овој локалитет, работев и на овој проект каде никаде не пишуваше Северна…
Се за пари, а колеги?“