Михајло МАНЕВСКИ

Додека народот згрчен од страв и исплашен за здравјето и животот, трпелив и стуткан во четири зида, е во исчекување на вестите за чумата на 21 век – КОВИД 19, секојдневно и се повеќе крајно неодговорни и несовесни граѓани вршат потешка повреда на мерките на надлежнте државни органи за спречување на ширење на тешка заразна болест преку мерките на изолација, самоизолација и повреда на полицискиот час.

Од воведувањето на полициски час, со цел за заштита на граѓаните од ова многу опасна и тешка епидемија за животот и здравјетро на луѓето за неполни две недели од страна на Министерството за внатрешни работи се откриени 1.653 нарушувања на мерките на Владата за заштита од епидемија. Од тие, 1.402 лица не го почитувале полицискиот час за ограниченото движење, 240 лица не ги почитувале мерките за самоизолација  и 12 лица ги повредиле и не ги почитувале мерките за изолација поради заразата со корона вирусот.

Ќе наведам неколку случаи на тешка повреда на мерките за изолација.

1.   Д.А, Ф.К, Н.Н, Т.Т, П.М, С.Л …….

Во јавноста, вака со иницијали се прикажуваат лицата кои ја ширеле заразна болест Ковид 19 и не се придржувале кон мерките за изолација, да не се повредат нивните “права”. А нашето право на здраје можат да го повредуваат? Еве некои од тие:

          – Лицето  Д.А.(44) од Скопје, кој на 13 март се вратил од Австрија, потпишал изјава за самоизолација и по тестирањетио било утвредено дека  е позитивен на корона вирусот, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Непречено се движел низ градот без никаква заштита, на 23 март бил и во службените простории на еден мобилен оператор, а во неговиот стан примил вработени да му извршат договорена услуга.   

           – Лицето  Ф.К (44) од населба Карпош Скопје, допатувал од кризно подрачје  на странска земја и потпишал изјава за самоизолација. Дал лажна изјава пред полицијата дека не патувал во странство во изминатиот период. И покрај тоа што било утврдено дека бил   позитивен на  Ковид 19, не почитувал никакви мерки и во  континуитет остварувал средби со неговите родители, братот, неговата пријателка, а одел и во фирмата во која работел. Кој знае колку лица заразил?

Штипјанец Н.Н, наместо во изолација каква што изјава подпишал, после земањето на тестот заради симптомите на Ковид 19, место во изолација, се шетал по улици во градот, се сретнал со повеќе луѓе и отишол на бербер.

Ова се само неколку примери, а такви има повеќе. Овие лица кои знаат дека се заразени со вирусот Ковид 19 и ги прекршуваат мерките за изолација, на кои се согласиле, а при тоа се свесни дека можат да бидат преносители на тешката заразната болест со која се бори државата и светот, се сторители на Тешки дела против здравјето на луѓето член 217 став 1 во врска со член 205 став 1  (пренесување на заразна болест) од Кривичниот законик. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години.

Овие лица делото го сториле со смосленост, со свесно кршење на кршење на прописи на надлежни државни органи или други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето, на кој начин предизвикуваат пренесување на заразна болест, спротивно на  членот 205 став 1 од КЗ.  Во суштина, овде се работи за кваликфукуван облик на делото, сторено со свест и знаење на сторителот дека е заразен и дека пренесува тешка заразна болет, како последица на делото со која се согласил.

  1. Најекстремен пример за крајна неодговорност и несовесност е постапувањето на директорката на Кожната клиника во Скопје Нина Цаца Билјановска, која после враќањето од елитен зимски центар во земја во која Ковид 19 бил распространет, како лекар кој што знае и е свесен за последиците од ширењето на висрсот, заразена од вирусот, место да се стави во самоизолација, веднаш продолжила да работи во клиниката, па дури и да говори на голем собир на лекари дерматолози.!

Целата клиника е затворена повеќе од 20 дена, а 200 лица лекари и медицински персонал се ставени во карантин. Како последица на безобзирното непочитување на мерките за заштита од надлежните органи, заразени биле 6 лекари од клиниката. Не се сооппштија вкупните податоци колку од тие 200 лица во ова Клиника се заразени.

  1. Кршењето на мерките за и самоизолација не смее да се претвотри во самоволие. Не е мал бројот од окулу 240 лица кои го повредичле прописите за самоизолација на која самите се согласле. Најмасовено се кршат прописите за ограничување на движењето во полицискиот час од над 1400 лица. Од тие над 90 отсто се лица на возраст од 18 до 67 години, а 4,5 отсто на млади лица под 18 години возраст и 5,5 отсто се посратари лица над 67 години.
  2. Мора да се обезбеди ригорозно почитување на сите мерки за спречување на ширење на епидемијата    

               Сега е време на свест, совест и одговорност, на лична и на колективна одговорност. Огромни напори вложуваат лекатрите и целиот медицински персонал и тие напори скапо ги плаќаат. Дури 54 лица скоро 10 отсто од вкупно заразените со корона вириусот се лекари и медицински сестри и друг медицински персонал. Започнаа битка со невидливиот опасен непријател со голи раце, без соодветна опрема и средства за заштита, без ефективна поддршка и брзи и ефективни упатства за постапување. Се затворија цели болници.

За жал, во ова исклучително опасна состојба во државата, затаија многу инструменти и опасно фалшираа во танцот на Зоран Заев и Венко Филипче. Одговорноста за состојбите доправа ќе следи и мора да се утврди. Зошто не го прифатија готово очајот на кумановскиот градоначалник за ставање карантин на тоа подрачје уште пред околу две недели, а сега се гледа катастрофалната состојба?

Полицијата со максимални напори деноноќно бдее над безбедноста на граѓаните и со сите сили се бори против неодговорните и несовесни прекршители на мерките за заштиата од епидемијата, врши контрола на лицата во изолација и самоизолација, оргаизира контриолни пунктови, следи превозни средстава со кој се превезуваат патници пристигнати на аеродромите или граничните премини, ги чува хотелите и прифатилиштата на лица во катрантин и самите изложувајки се на опасност од зараза или повреда од криминални типови.  Лицето М.А (33) од тетовски Пирок, затечен за време на полициски час,  бегал од полицијата со патничкото возило, со возилото удрил во полициски службеник и го повредил, удрил и оштетил и две службени возила на полицијата и ја оштетил наплатната рампа.   

             И покрај сите огромни обврски, полицијата подготвила и до јавните обвинители поднела 134 кривични пријави за прекршувања на изјавите за самоизолација и на мерките за изолација. Полицијата поднела и 483 кривични пријави за повреда на полицискиот час, привела 519 лица и опоменала 223 лица. Освен тоа, полицијата до јавните овбинители доставила 73 посебни известувања и 25 известувања кои се однесуваат на говор на омраза поврзан со Ковид 19. Ова се исклучителни напори на полицијата за спречување на заразната болест и за почитување на мерките на Владата.

  1. Каде се јавните обвинителства и судовите?

Јавните обвинителства и судовите и во ова тешко време остануваат затворени и неми наблудувачи. Од нив нема никакво известување, никакви информации за тоа дали и какви мерки преземаат за спречување на незаконитостите во врска со мерките за спречување на епидемијата. Никој ништо не говори, сите молчат. Молчат, иако ова не е време за молчење, туку време на целостна посветеност за спречување на епидемијата, секој орган од аспект на своите овластувања и должности, како јавните обвинители, така и судовите и  Министерството за правда.

Каде е Јавниот обвинител на Македонија, каде е Основниот јавен обвинител од Скопје, до чие Обвинителство се поднесени најголем број на кривични пријави, каде се другите јавни обвинители. Зошто никој не одржа ниту една прес конференција и ниту еднаш не ја известија јавноста за тоа колку од пријавите на министерстовото за внатрешни работи се решени и на кој начин, дали има  донесено наредба за спроведување на истрага и за какви кривични дела, дали е поднесен предлог за определување на притвор или куќен притвор на некои лица за тешки крицвични дела против здравјето на луѓето од судијата на предходната постапка или е доставен предлог за изрекување на други мерки, дали се поднесени предлози за издавање на казнен налог и многу други исклучително значајни прашања. Нема никакви известувања како постапиле јавните обвинители во врска со пријавите на МВР  за говорот на омраза во врска со Ковид 19.

Зошто нема никави известувања од Судскиот совет за тоа дали кривичните предмети во врска со епидемијата на Ковид 19 ќе влезат во листата на приоритетни предмети за решавање, како што се предметите на поранешното криминално, корумпирано, непотистичко и рекетарско дувло СЈО? Ќе се тресне ли од земја Иван Џолев, претседателот на кривичниот суд Скопје за решавање на овие предмети, како што се трескаше за решавање на предметите од СЈО – “да не застарат”? Нема никаква реакција нуту од Здружението на судии, Здружението на обвинители и Советот на јавни обвинители. Oд никаде ништо.

Министерството за правда нема никави активности и мерки за тоа како да се обезбеди поефикасно и побрзо решавање на предметите во врска со ова страшна епидемија. Министерката за правда Рената Дескоска дали размисли да предложи акт со законска сила за скратување на некои рокови, ако се пречка за порзо и поефикасно решавање на кривични предмети или да предлои други мерки за ефикасно решавање на овие предмети. Наместо тоа, таа “најголем приоритет на државата”, обезбеди исплата на плати на синови, внуци, ќерки, сестри, снаи и друга непотистичка номенклатура од поранешното СЈО. За жал, и денес и покрај сериозноста на состојбата и сите укажувања на поголема ефикассност и натамуи сè се сведува на познатите клишиња “се прибираат податоци“, “постапката е во тек “ и слично.

Да бидеме сосема начисто. Сакам да ве прашам јавни обвинители и судии, како ќе се обезбеди генералната и спесијалната превенција да се спречи извршување на тешки кривични дела во вонредна состојба во време на тешка епидемија спрема тие кои ги кршат мерките и не ги почитуваат законите? Како ќе се обезбеди почитување на мерките на Владата, ако не се преземаат брзи и ефикасни мерки за пресудување и адекватни казни според општестевената опасност на делата и сторителите? Целта на постапката е да се спречи кршење на прописите и мерките на Владата и на тој начин да се даде придонес за спречување ширење на епидемијата и заштита на општеството. Заразени со корона вирус се шетаат како темпирана бомба и заразуваат невини луѓе. Како ќе се обезбеди  почитување на мерките за изилација, зсамоизолација или ограниување на движењето во одредено време,  ако нема содејство и преку  казните и мерките?

Адекватни казни спрема тие кои не ги почитуваат мерките и законите за сузбивање на епидемијата.

Јавни обвинители и судии, освестете се, особено вие кои ги вршите одговорните функции во судовите и обвинителствата. Не робувајте на јаремот што ви го наметна Зоран Заев и врхушката околу него. Тој јарем бргу ќе се распадне. Вие судии и јавни обвинители во јавните обвинителства должни сте преку вршење на вашите службени должности да го штиитите народот и општеството.

Како ќе го сторите тоа со тотална инертност, спорост и благост? Како ќе го сторите тоа со молчење и без никаква транспарентност? Неодговорно е во ова време ако не секојдневно, барем повремено јавноста да се информира за постапките на јавните обвинители и судовите по пријавите што ги поднесува полицијата која денонокќно е на клучните позиции и при тоа поднела голем број на кривични пријави? Како ќе делувате смирувачки и општествено одговорно, ако се штитат сторители на тешки кривични дела против здравјето на луѓето за кои е пропишана казна затвотр и до десет година ? Како ќе делувате ако се изрекуваат несразмерно благи казни за тешки нарушувања на мерките за спречување на ширење на епидемијата?

Казната не е цел сама за себе, туку средство за превенција и заштита, за обеабедување на совесно и одговорно општествено однесување, особено во исклучително тешки времиња, како што е ова време на тешка епидемија која коси кај  нас и низ целиот свет. Ова мора да се спречи со сите законски средства, па и со адекватни казни спрема тие кои не ги почитуваат мерките и законите за сузбивање на епидемијата.