Проф. Александар АТАНАСОВСКИ

Иако датумот на раѓање на Методиј се уште не е точно утврден – историчарите го датираат од 810 до 825 година – а за Кирил е утврдено дека е роден во 827 година, при што и двајцата се родени во Солун, знаете ли каде биле Бугарите тогаш?

Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Визнатија и бугарија, при што на Бугарија и е отстапена само Сердика, денешна Софија, а грабицата е северно над Витоша.

Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш овие што се родие во Солун во 810 или 825 година се Бугари?

Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904 година. Во времето на Борис тие продреа некаде до Брласица, по која оди границата меѓу Византија и Бугарија во тоа време, кај Костур слегува малку јужно и излегува на албанското крајбрежје – зборувам за договорот меѓу Византија и Бугарија од 864 г.

Но, во тоа време, Кирил и Методиј се во Моравија и тие дејствуваат против Бугарија, бидејќи Бугарија бла во сојуз со Германија. А тие во Моравија ги штитат интересите на Виантија и ги поддржуваат Моравците да се спречи воениот сојуз меѓу Бугарија и Германија.

Значи луѓе кои што работеле против Бугарија, Бугарите сега ги присвојуваат за свои.