Мини општински поликлиники може да направи секој општински совет, иронично забележува д-р Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија, во неговата реакција за големиот број лекари кои се на кандидирани на локалните избори.

– Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите мини општинска поликлиника. Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината. Да имаат некаков бенефит и тие, напиша Беќаровски на својот профил на Фејсбук.