-За тоа дали вирусот е вештачки или приореден?

-Дали е биолошко оружје?

-Колку е овој вирус умен? Дали се крие дури и кај тие што го прележале?

-Колку Кина и СЗО се виновни за пандемијата?

-Што ги збунувало лекарите во Калифорнија лани во септември кај болни луѓе кои работеле во Тесла во Вухан?

За овие и низа други нешта поврзани си корона вирусот, новинарка на Кореја Тајмс разговара со д-р Хаким Џабалах.

Д-р Хаким Џабалах е еден од врвните светски вирулози, моментално работи во Њујорк. Тој е со алжирско потекло, а е експерт по вирулогија и онкологија. Работел во Пастер институтот во Ј. Кореја, па оттука е чест гостин во корејските медиуми.

Интервјуто кое Денешен.мк се обиде да го прилагоди, е од 20 април оваа година:

КОРЕЈА ТАЈМС: Д-р Џабалах, дали има нови откритија за потеклото на вирусот со цел подобро да го разбереме и да најдеме начин да го убиеме?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Не! Се уште чекаме Кина да ги сподели информациите и да дозволи да добиеме информации за нултиот пациент. Сметам дека тоа е навистина круцијален факт. Од геномот на вирусот досега научивме или барем претпоставуваме дека вирусот може долго време да остане неоткриен, ако тој тоа го сака. Тој усвоил некој механизам кој му овозможува да биде неоткриен и тоа е нешто што не е загрижува сите нас: дали вирусот научил каде да се сокрие во човековото тело? И ако го прави тоа, сите тестови што го имаме денес, нема да го откријат, доколку тој е сокриен.

КОРЕЈА ТАЈМС: Гледаме дека има многу пациенти кои се опоравиле од Ковид 19, но потоа вирусот повторно е потврден кај нив? Дали е тоа нова зараза или враќање на старата?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Кореја е добар пример. Кога луѓето добиваат негативен тест за Ковид 19, излегуваат од болница, но остануваат во домашна самоизолација. не се мешаат со други луѓе. И потоа се проверува. Нечиј имун систем ќе создаде антитела кои ќе го уништат овој тежок вирус. И, бидејќи нивниот имунитет сега има научено како изгледа вирусот, научил да го препознава и да се бори со него, тие луѓе тешко можат да се заразат повторно.

Но, има луѓе чиј имунитет делувал половично, извршил само една работа. Го исчистил вирусот од телото, но не научил како вирусот изгледа. Тие луѓе добиваат негативен тест, излегуваат од болница, се враќаат на нивниот живот и повторно стануваат позитивни, односно се заразуваат. Тоа може да значи и дека вирусот не бил исчистен 100 отсто, се притаил извесно време, а потоа повторно се активирал. Затоа научниците сметаат дека се потребни подобри тестови во вакви случаи кога некој  е прогласен за излечен.

КОРЕЈА ТАЈМС: Кои лекови сега се употребуваат и што станува со вакцината?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Ако сте во фаза еден од болеста, што значи имате слаби или средни симптоми, хлорокинот се покажа како корисен кај овој вид пациенти. Ако сте во втората фаза и сте почналае да развивате потешки симптоми, на пример, потешко дишете, имате температура, болки, тогаш имате 50 отсто шанси овој лек да ви помогне. Но ако сте во трета фаза и сте на интензивна нега, имате 10 отсто шанси. Сите велат дека имаат таен рецепт за вакцина и велат: Верувајте ни, за 18 месеци вакцината ќе биде готова. Реалноста е дека овој вирус е посебен и затоа е тешко да биде откриена вакцина за него. Овој вирус не е грип. Тој е паметен. Знае како да го избегне имуниот систем. И не верувам дека некој ќе пронајде вакцина за 18 месеци или две години. Имам видено многу податоци за САРС-КОВ 1, за МЕРС, и се уште немаме вакцина за нив заради нивната комплексност. Или ако сакате поинаку – вирусот кој предизвикува СИДА е откриен во доцните 1970 години, еве 40 години поминаа, се потрошја милијарди долари, голем број истражувања на пациенти, за конечно, пред некој месец, по најголемото клиничко испитување спроведено било кога, со пациенти кои беа заразени со вирусот, да се признае дека обидот за вакцина пропаднал.

КОРЕЈА ТАЈМС: Се смета дека вирусот преминал од животно на човек на пазарот во Вухан. Постојат различни теории за потеклото на вирусот, некои поддржани и од научниците. Од ваша перспектива на вирусолог, дали постои можност вирусот да е создаден во лабораторија?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Од тоа што го знаеме за овој вирус и за тоа колку комплексен беше САРС-КОВ 1, можам да ви кажам дека не постои човечко суштетсво на Земјата денес кое е доволно паметно за да го создаде овој вирус во лабораторија (да напоменеме само дека новинарката го прашува, а д-р Џабалах одговара за создавање, за креирање нов вирус, додека францускиот нобеловец Монтења зборуваше за интервенција во постоен вирус, според него, можеби при обид за создавање вакцина за СИДА, н.з.). Тоа е прво, второ е дека вирусот не може туку-така да излезе од лабораторија. Некој мора да го изнесе. Во лаборатории со четврти степен на заштита тоа е речиси невозможно. Многумина сметаат дека вирусот е некој вид билошко оружје. Но, ако сакате да убиете луѓе со вирус, САРС-КОВ 2 е најлошиот избор, најлошото оружје. Постојат многу други вируси. А овој е 100 отсто природен (Французинот Монтања не го негира тоа, вели дека кога ќе го споиш природниот корона вирус со природен сегмент од ХИВ вирус, повторно добиваш природен вирус, н.з.). Овој вирус еволуирал во природата и се случило да прејде од животно на човек. Не знаеме каде. Податоците од Кина и од СЗО се контрадикторни. Токму затоа јас секогаш се враќам на нултиот пациент. Тој треба да ни даде одговор на многу прашања…

КОРЕЈА ТАЈМС: Но, можеби некој од лабораторијата се заразил и така го изнел вирусот надвор?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Четвртиот степен на заштита подразбира дека луѓе внатре се заштитени како да се во вселената. За да се инфицираш, тоа значи треба да се пунктираш себе си, да го прободеш оделото, а кога тоа ќе се случи, кислородот од оделото ќе истече и црвениот аларм ќе се запали насекаде, заедно со звучно пиштење. Да се заразиш во лабораторија со степен на заштита 4 е речиси невозможно. Со сета технолгија, камери итн, згора на тоа никој не работи сам, туку секогаш се работи по двајца или во група од тројца. Во такви услови, ако некој направи нешто, другите ќе забележат…. Единствено нешто што можеме да направиме со овиј вирус е да го ослабиме, а потоа да го искористиме како „жива вакцина“. Тоа значи дека тој е жив, но нема да ве убие, а ќе му даде доволно време на вашиот имун систем да најде начин да се справи со него… Сигурен сум дека не постои човечко суштество на планетава кое е спосбно да го синтетизира овој вирус или да го изнесе од лабораторија со 4 степен на заштита и да го рашири низ светот.

КОРЕЈА ТАЈМС: Од каде тогаш потекнува вирусот?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Кина е многу молчелива околу тоа. Но, не ме интересира многу од каде потекнува вирусот. Мене ме интересира првиот пациент. Тој ќе ни даде одговори за тоа која е таа специфична мутација кај вирусот која овозможува тој да не заразува. Денес имаме илјадници информации за вирусот, но немаме информација за геномот на вирусот кај нултиот пациент за да го споредиме со геномот на вирусот во Италија кој предизвика катастрофа. Второ, битно е времето. Јас никогаш не го прифатив како точно тврдењето дека ова започнало во декември. Не! Тоа едноставно не е можно. Во Калифорнија имаше многу болни луѓе, во септември, во октомври. Некои од тие болни луѓе ме контактираа и дознавме дека работеле за „Тесла“, а „Тесла“ има фабрика во Вухан, не многу далеку до центарот на заразата. И тие биле веќе болни кога се вратиле и кога биле однесени на ургентно, лекарите едноставно не знаеја што им е, односно која е причината за нивната состојба. Мислеа дека имаат некоја вирусна инфекција, но не знаеја за кој вирус станува збор… И ако Кина не лажела од почеток, а СЗО погрешно го информирала светот, мислам дека секоја влада на светот, треба да бара одговори за ова од СЗО.

КОРЕЈА ТАЈМС: Американскиот центар за епидемии не предупредува дека вториот бран оваа зима може да биде многу покатастрофален. Значи дали овој вирус може да се поклопи со вирусот на грип и дали вие го предвидувате втор бран?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Навистина сум љубопитен за податоците кои доведуваат до вакви заклучоци. Сите зборуваат за овој вирус врз основа на вирусот на грип. Но, овој вирус не е сезонски. Се уште не сме виделе сезонски корона вирус. Тој доаѓа, не заразува, се додека не најде нов домаќин каде ќе биде среќен и тогаш ќе исчезне, ќе не напушти. Првиот САРС умре од природна смрт и му требаа две-три години да не напушти. МЕРС е се уште тука бидејќи во Саудиска Атабија си најде скривница во камилите. Овој бран со Ковид е како цунами и се движи, бидејќи и луѓето се движат, и кога тој ќе навлезе во човечката заедница, создава кластери. Штом ќе се ослободиме од кластерите… Не гледам како би дошол тој втор бран. Кога веќе зборуваме за втор бран, најмногу ме загрижува кина. Не сум сигурен околу бројките кои Кина ги споделува, и тоа само од една област. Тие велат дека тестираат многу луѓе. Ако сте го ставиле вирусот под контрола, зошто ги ретестирате луѓето?… Ако дојде втор бран, тој ќе дојде од Кина. Но мислам дека сега сите влади ја знаат приказната, посебно околу тие кои патуваат врз основа на бизнис причини. Но, ако се дозвли нормален авионски сообраќај со Кина, втор, трет, четврт бран… ќе дојде. Но, што се однесува до сезонското појавување, такво нешто не постои кај овој вирус. Корона вирусот не е вирус зависен од времето. Тоа не е вирус на грип. Многу земји ги отворија границите, дури дадоа податоци кога и училиштата ќе ги отворат, Се надевам дека се свесни какви последици ќе дојдат по ова.

Д.Ј.