Дваесет и тројца позитивни на Ковид 19 се регистрирани денеска во Грција. Нема починати пациенти чија смрт би била доведена во врска со вирусот.

Вкупниот број на заразени изнеусва 3366, а 55 отсто од нив се мажи.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се починати 191 лице, на средна возраст од 74 години.

Македонија, денеска забележи нови 150 позитивни, девет починати. Вкупниот број на позитивни кај нас изнесува 5 905, а во Грција 3366. Вкупниот број на починати изнесува 277.

Ние имате досега направено 57 895 тестови, а Грците 301 000 тестови. Или, на еден милион жители тие имаат тестирано над 29 000 лица, а ние близу 28 000.

Албанија денеска регистрираше 61 позитивен или вкупно 2300 (но со само близу 8 000 тестови на еден милион). Соседите имаат и двајца починати во последните 24 часа – со што бројот на вкупно починати изнесува 53 лица или повеќе од пет пати помалку од нас.

Последните подоатоци за вчера од Бугарија велат дека во земјата има 105 нови заразени од 2 750 тестови или околу 4 отсто наспроти нашите над 10 отсто. Четворица починати. Вкупно, досега во Бугарија починале 215 лица од корона вирус. Претходниот ден, односно завчера Бугарија имаше 162 ново заразени.

Србија има 227 ново заразени и двајца починати или вкупно 267 починати.