Д-Р ЛАЗАРОВ: Во ОХИС има цистерна од 14 тони полна со винилхлорид, која може да му направи на Скопје штета поголема и од таа во Бејрут

/ 05.08.2020

Додека сте насекирани за Бејрут, во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид, која стои непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут, објави денеска д-р Ненад Лазаров на својот профил на Фејсбук.

По вчерашната експлозија во Бејрут, која однесе повеќе од 100 човечки животи, а неколку илјади се повредени и направи огромна штета, цел свет е вознемирен и сочувствува со трагедијата.

Бејрут беше повод на социјалните мрежи да се потсети и на опасноста која демне во Скопје во кругот на ОХИС, каде има 14 тонска цистерна со винилхлорид, која е голема потенцијална опасност за Скопје.

– Додека сте насекирани за Бејрут: Во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут. Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град, напиша докторот Лазаров на Фејсбук.


Од истата категорија