Какво ни е здравството, подобро нека нè служи здравјето, вели д-р Игор Николов во интервјуто за Република.
Тој во интервјуто опширно говори за состојбите во македонското здравство, како и последните настани околу Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
– Какво ни е здравството, подобро нека нè служи здравјето. И порано македонското здравство било на смртна постела, но овој пат е во терминална фаза. Има пари во Фондот, но нема лекови, ни умираат пациенти, кадарот си заминува, вели Николов.
Подолг период беше нападнат и системот на ФЗО, Николов вели дека не се знае дали се пробиени само податоците за исплатата на трошоците на пациентите или и нивните дијагнози.
– Доколку лекарска тајна е пробиена, тогаш се загрозуваат човекови права. Не знаеме дали се случило тоа и дали се преземени овие податоци, но сметам дека е потребно да се понесе одговорност и веднаш да поднесат оставки директорите, вели Николов.
Целото интервју на Николов за Република може да го отворите и прочитате ТУКА.