Сакам да објавам дека општините ќе започнат со новина на издавање на општински обврзници. Секое домаќинство, правно и физичко лице, ќе може да учествува во купување на тие обврзници, пари кои ќе се употребат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и училишта, па дури и економски општински зони. За разлика од сега, каматната стапка за депозит во банка е до 0.5 %, каматните стапки за седумгодишен период на граѓаните и компаниите кои ќе учествуваат во купувањето на овие обврзници, ќе бидат 9 до 10 пати поголема односно од 4,5 до 5 %. Така општините ќе дојдат до свежи пари, граѓаните и компаниите кои ќе дојдат до тие средства ќе можат да очекуваат за неколику проценти повисока каматна стапка и заработувачка, а населението многу нови проекти. Оваа новина која до сега не била спроведена очекувам да започне до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на наредната година, објави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при едногодишниот отчет на градоначалниците од партијата што тој ја води.