Со новиот модел за субвенции ги јакнеме стратешките земјоделски гранки за зголемено домашно производство на храна, соопшти Владата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска попатно од Битола и Прилеп ја посети семејната винарија Јаковлевски во Кавадарци.

– Премиерот Ковачевски денеска во Кавадарци ја посети семејната винарија „Јаковлевски”, кои имаат долга традиција во производство на вино, а од 2020 година се регистрирани како семејна винарија согласно Законот за вино. Оваа винарија е корисник на грантовите од 10.000 евра преку Програмата за финансиска поддршка на микро земјоделски производители на вино, а како корисник на субвенциите од Програмата за директни плаќања се опфатени и со новиот модел за субвенции во земјоделството, соопшти Владата.

Ковачевски денеска беше на јубилејната прослава на РЕК Битола, а попатно ги посети Прилеп и Кавадарци.

Слично како и пред неколку дена кога во Источна Македонија тргна како премиер, заврши како партиски претседател на СДСМ во неколку градови во тој регион, така и денеска сабајле киниса како претседател на Владата, а вечерва заврши на партиска „дешавкаЌ во Кавадарци.