Системот на балансер треба веднаш да се напушти, вработувањата во администрацијата треба да биде стручни и високообразовни луѓе, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Досегашниот систем на вработување на администрацијата донесе неквалитет и неажурност, со што се создава голема неправедност и нефункционалност. Антимакедонската СДС и невниот коалиционен партнер ДУИ го користат овој систем за вработување на партиски послушници. Во неколку наврати само последниве месеци македонската јавност беше сведок како македонци се пишуваат албанци или пак турци или роми само за да добијат работно место, злоупотребувајќи го балансерот како систем за вработување. Напредокот и вработувањата треба да биде базарина на знаење, квалитет и стручност, а не на припадност на етнича заедница. Треба да имаме граѓански пристап при вработување во администацијата, тоа значи секој квалитетен кадар, и со вештини и знаење треба да бидат вработени во јавната администрација, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да се започне, се додава во соопштението, со создавање на систем за граѓаните, за квалитетни услуги за граѓаните, а не за неколку политички моќници. Потребна е администрација која ќе работи ажурно, навремено и квалитетно за граѓаните.