На покана на српскиот шеф на дипломатијата Иваица Дачиќ, утре во Србија ќе престојува Директорката на департманот за информирање на Руската федерација Марија Захарова-соопштија од Министерството за надворешни работи на Србија.

Таа по средбата со Дачиќ во Белград ќе го посети Саборот на трубачи во Гуча, каде ќе и биде врачена титулата на почесен гостин на Саборот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 15 септември ќе патува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која центарлна тема ќе биде решавањето на Косовскиот проблем.

Вучиќ ќе патува во Москва по средбата во Брисел во рамките на дијалогот на високо ниво со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој треба да се одржи во првата недела на септември.

На последната средба на српскиот и рускиот претседател во Москва на 8 мај, Путин најави дека Русија на активен начин ќе ги следи разговорите меѓу Белград и Приштина, особено влијанието на меѓународниот фактор за ова прашање и ќе реагира правовремено