Србија нема да го погази својот Устав и образ, признавајќи ја лажната држава Косово заради некакви европски моркови, изјави министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за „Вечерње новости”.
Во врска со изјавата на пратеникот на Бундестагот Петер Баер од ЦДУ, партијата на Ангела Меркел, кој рече оти во Белград дошол со порака дека „Србија не може да биде дел од ЕУ, додека де јуре не ја признае независноста на Косово”, Дачиќ рече дека она што тој го кажа секако треба да се сфати сериозно, бидејќи е партиски функционер на партијата на канцеларката Ангела Меркел.
„Но, ако тоа навистина е така, тогаш зошто е дијалогот во Брисел, зошто е тој исцрпувачки и за нас многу фрустрирачки процес, ако се знае однапред исходот”, праша Дачиќ.
Тој додаде дека дипломатската битка за Косово и Метохија допрва следува.
„Сигналите од поедини клучни западни држави, пред се од САД, кои досега цврсто застанаа на позициите дека за нив независноста на Косово е завршена работа, ни дава за право да се бориме, земајќи ја предвид реалноста на теренот, но и темелите на меѓународното право кои се брутално нарушени во 2008 година со едностраната акција на властите во Приштина “, рече Дачиќ.