Германскиот производител на автомобили Дајмлер, кои произведуваат блиндирани возила што ги користи лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, соопшти дека немаат поим каде тој ги добил и дека немаат бизнис односи со Пјонгјанг.
Ким користеше возила на Дајмлер на некоку самити меѓу кои и на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела и на двата самита со американскиот претседател Доналд Трамп.
На станица во Владивосток, Ким го дочекаа две возила – Мерцедес Мајбах С600 Пулман Гард и Мерцедес Мајбах С62. Се верува дека тој го користел Мецедесот С600 Пулман Гард на самитот со американскиот претседател во Сингапур минатиот јуни и во Ханој во февруари.
– Немаме апсолутно никаква идеја како тие возила се испорачани до Северна Кореја, изјави Силке Мокерт, портпаролка на Дајмлер.