Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари.

Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година нето платата е поголема за 8,5 отсто, а бруто платата за девет проценти.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,7 отсто), Информации и комуникации (12,4) и Дејности на здравствена  и социјална заштита (12,3). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,1) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6), наведува Заводот за статистика.

Во однос на бруто платата, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите: Образование (13,8 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.6) и Информации и комуникации (12,2 процента). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,8) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6).

Како што е познато, актуелниот премиер Зоран Заев, кој веќе го троши вториот мандат, вети дека до крајот на првиот мандат просечнта плата во Македонија ќе биде 500 евра. Но, од таа плата останаа само билбордите со „искинато“ ветување, како и за бесплатното здравство во ЕУ и многу други.