Иако не постои унифицирана база на податоци за утврдување, кој е најдобриот стрелец на сите времиња, поголемиот број медиуми во светот се согласни дека Роналдо е првиот голгетер кому тоа му успеало.
Постои полемика околу неговиот статус на најдобар стрелец во машкиот фудбал, бидејќи бразилските легенди Пеле и Ромарио постигнаа над 1000 голови во своите кариери, статистичарите посочуваат дека португалскиот напаѓач е на чело на листата според постигнати голови на официјални натпревари. Чесите тврдат дека Јозеф Бичан, кој настапуваше во поранешна Чехословачка и во Австрија, постигнал 821 голови, но во таа бројка се вклучени и погодоци на неофицијални меѓународни натпревари.
Постигнувајќи два гола во победата на Манчестер јунајтед во премиерлигашкото дерби против Арсенал (3-2), португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (36) дојде до неверојатна бројка од 801 голови на официјалните натпревари што во најсилните лиги во светот претходно не му успеало на никој друг.