Две сценарија се во оптек во владата на Алексис Ципрас за предвремени избори – наместо во мај 2019 година тие да се одржат во октомври или во декември годинава. Ова е објавено денес речиси истовремено кога и македонскиот премиер Зоран Заев ја лансираше можноста за предвремени избори во Македонија.
Дали има некаква поврзаност со овие сценарија на премиерите Ципрас и Заев. Секако да, зашто договорт за името е една од клучните точки и во двете земји, а и во двете земји нема сигурен цензус тој да помине.
Ефемерида пишува дека објавата за превремени избори зависи од две клучни прашања – таканаречениот „нет егзит“, шлан кој треба да се објави во август а се однесува на суспензија на натамошно намалување на пензиите, што би се одобрило од кредиторите, или унилатерално, како „херојски потег“ кој на Ципрас би му донел гласови.
А, второто прашање е – договорот со Скопје.
Анализите во Грција се дека Ципрас, кој во моментов според анкетите заостанува зад лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, би ја водел играта и би одел на изненадување за да победи на изборите кои најверојатно би ги закажал за 19 октомври. Во тој период не се исклучува во Македонија да бидат организирани и избори и референдум за промена на името.
Во секој случај, анализите одат во насока дека ако Ципрас нема мнозинство во парламентот, со напуштање на коалицискиот партнер АНЕЛ и со несигурните гласови на Потами, во тој случај е најдобро да се избегне губитничкото сценарио со свикување предвремени избори