Данска и Норвешка планираат да формираат центар во Кабул, во кој би се вратиле децата без придружба, на кои им е одбиено барањето за азил, соопштија денеска данската и норвешката Влада.
Доколку би успеале во својата намера, авганистанските деца без придружба би биле присилени да се вратат во центар во Кабул.
– Се уште немаме договор, но имаме добар дијалог со властите во Авганистан. Сакаме да воспоставиме безбеден, добар центар со образовни можности во согласност со правата на децата според Обединети нации, изјави норвешкиот заменик министер за правда Торкил Амланд.
Тој додаде дека во Авганистан ќе се враќаат децата на возраст од 16, 17 и 18 години, но не и децата под 15 години.
УНИЦЕФ соопшти дека малолетниците не би требало да се враќаат во Авганистан, каде во последната година е влошена безбедносната ситуација.