Манчестер Јунајтед периодов има доста грижи, а една од нив го носи името Давид Де Геа. Како што пишува британски Телеграф, Де Геа веќе не е сигурен дали сака да го продолжи договорот со Црвените Ѓаволи и да остане на Олд Трафорд на подолги стази.

На него договорот му истекува на крајот на оваа сезона, но Манчестер Јунајтед има опција да го продолжи на уште 12 месеци. Меѓутоа, ако Де Геа одбие да го продолжи договор, на Олд Трафорд можат да останат без Шпанецот и тоа без да земат никаква оштета.

Преговорите околу новиот долгогодишен договор дошле до застој, така што во Манчестер Јунајтед се плашат дека ќе останат без Де Геа во 2020 година или дека ќе мора да го продадат пред да дојде до такво нешто.

Манчестер Јунајтед има уште време да го наговори Де Геа дека најдобро ќе му биде следните години да ги помине таму, но проблемот е што Де Геа сака да се бори за титули во европските и домашните натпреварувања, а станува јасно дека тоа со Манчестер во овој момент е скоро и невозможно. Тие моментално се на осмата позиција во Премиер лигата.

Секако, тема е и дали Жозе Мурињо ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед, бидејќи како што пишува Телеграф, Де Геа не сака своите најдобри години во кариерата да ги подари на клуб кој има толку многу проблеми.

Мурињо ја загуби поддршката од своите играчи, но дури и на Олд Трафорд , Де Геа би морал да види зголемување на можностите на Јунајтед за освојување титули како би го променил сегашното мислење.

Де Геа неколку пати на прагот на трансфер во Реал Мадрид, но тоа не се случи, па на крајот дресот на Кралскиот клуб го облече Тибо Куртоа.

Де Геа остана во Манчестер Јунајтед. Само прашање е до кога ќе биде во неговиот дрес…