Највозрасните деца на легендарните американски комичари Мартин Лоренс и Еди Марфи – Џазмин Лоренс и Ерик Марфи се во љубовна врска.

Во објава на Инстаграм, по повод роденденот на Ерик (32), ќерката на Лоренс, објави две фотографии и натпис: „Среќен роденден, љубов моја! Јас сум неверојатно благословена што те познавам, те сакам и те имам покрај мене“.

Марфи ја додаде објавата на својата Инстаграм-приказна, со одговор: „Благодарам, срце! Те сакам!