Пратеникот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Илир Деда вели дека косовскиот претседател Хашим Тачи, со неговите заложби за корекција на границите, не се разликува од поранешните претседатели на Србија и Хрватска, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, јави МИА од Приштина.

– Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман размислуваа исто како Тачи денес, дека Западот ќе го прифати секој билатерален договор за промена на границите во поранешна Југославија. По сите тие жртви, уништувања и најтешките злосторства по Втората светска војна, границите останаа какви што беа. Такви ќе останат и во иднина, напиша Деда на Фејсбук.

Тачи, пак, смета дека опозицискиот пратеник „нема да биде ниту актер во процесот на нормализација на односите со Србија“.