По 167 дена поминати во заточеништво, Турција денес ги ослободи двјацата грчки војници кои ги зароби во март годинава.

Веднаш по овој потег, што од црквата беше оенет како гест во чест на денот на Богородица, а од политичарите како потег на Ердоган во играта со Трамп, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос упати покана до турскиот колега Хулуси Акар да ја посети Грција.

Атина соопшти дека Каменос имал телефонски разговор со Акар откако грчките војници, полковник Агелос Митретодис и наредник Димитриос Куклаѕис беа ослободени од судот во Едрене.

На 2 март годинава двајцата војници беа заробени од турска патрола и ставени во притвор откако ја преминалке границата во близина на Пазар Куле, во областа на Едрене. Војниците тврдеа дека се загубиле заради лошото време, а потоа налетале на турска патрола. Тие беа обвинети за шпионажа.

За време на судскиот процес тие постојано тврдеа дека границата ја преминале по грешка.