Белгија ќе испрати неколку борбени авиони Ф-16 на Украина во 2025 година, изјави министерката за одбрана Лудивајн Дедондер.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Дедондер прецизираше дека тоа ќе биде можно откако ќе започнат првите испораки на поновите борбени авиони Ф-35 за белгиските воздухопловни сили, кои се очекуваат на крајот на годината.

Планирано е и Белгија да се вклучи во обуката на украинските борбени пилоти. Белгија изразува подготвеност да ја одржи целата флота од машини Ф-16 што ѝ ја дадоа на Украина од сојузниците на НАТО.

Претходно, белгиските политичари и војската влегоа во отворен спор околу тоа дали да и дадат борбени авиони на Украина. Некои тврдеа дека тоа не е можно бидејќи белгиските ловци биле премногу стари и затоа би биле опасни за украинските пилоти.