Се повеќе се шират гласините дека севернокрејскиот лидер Ким Џонг Ун починал, пишува британскиот Дејли меил. Кинески новинар тврди дека тоа е точно, јапонски новинар тврди дека тој е во кома, истакнува медиумиот, но сателитски снимки покажуваат дека неговиот воз се движел кон неговата куќа за одмор.

Ким Џонг Ун последен пат е јавно виден на 11 април на собир на неговата Работничка партија во Пјонгјанг.

Врвниот новинар од Хонг Конг, заменик директор на сателитска телевизја ХКСТВ, Шијан Хингзоу, исто така тврди дека лидерот на Кореја е мртов и дека тоа го дознал од „мошне солиден извор“.

Но, сателитски снимки покажуваат дека 250 метри долгиот воз пристигнал на железничката станица во неговата куќа за одмор во Вонсан, со што се сугерира дека Ким Џонг Ун заминал на источниот брег на одмор.

Инаку, во С. Кореја беше испратена и трочлена кинеска медицника екипа, со што сепак се потврдува дека лидерот на земјата имал некои проблеми со здравјето, пишува Дејли меил.