Светската здравствена организација предупредува дека луѓето кои имале Covid-19 не се нужно имуни со присуството на антитела од повторно добивање на вирусот, пренесе Си-Ен-Ен.

„Сè уште нема докази дека луѓето кои имале Covid-19 нема да добијат втора инфекција“, објави СЗО на научниот брифинг  презентиран во петокот.

Со ова СЗО ги предупредува владите кои размислуваат за издавање на таканаречените „имунитетени пасоши“ на луѓе кои имале „Ковид-19“, претпоставувајќи дека се безбедни за да продолжат со нормалниот живот, дека со тоа не го решиле проблемот.

„Во овој момент на пандемијата, нема доволно докази за ефективноста на имунитетот поврзан со антитела за да се гарантира точноста на „имунитетниот пасош“ или т.н. „сертификат без ризик “, велат од СЗО.

Д-р Марија Ван Керхове од СЗО претходно изјави дека не е познато дали луѓето кои биле изложени на вирус стануваат целосно имуни.

Новиот краток извештај на СЗО го потенцира тој став и изразува жалење што не може да ги потврди разислувањата ан научниците кои ја форисраа идејата за развој на имунитет.

Исто предупредување упатија и од Здружението за инфективни болести на Америка. Оттаму, велат дека не се знае доволно за антителата создаде при Ковид 19 за да се претпостави имунитет.

Д-р Мери Хејден, портпарол на ИДСА и началник на Одделението за заразни болести при Медицинскиот центар Раш, изјавила:

„Не знаеме дали пациентите кои ги имаат овие антитела, сè уште се изложени на ризик од реинфекција со„ Ковид 19“. Мислам дека треба да претпоставиме дека тие би можеле да бидат изложени на ризик од повторна инфекција. Не знаеме дури и дали антителата воопшто се заштитни, каков степен на заштита тие обезбедуваат, ако обезедуваат дали е тоа комплетна заштита или делумна, како што не знаеме колку долго траат антителата“, додала Хајден.

Оттука, од СЗО препорачуваат „лицата со антитела да не го менуваат однесувањето на кој било начин, да продолжат со социјалното дистанцирање“ и др.

И, мислиме дека ова е навистина важна точка за да се потенцира затоа што сме загрижени дека улогата на овие антитела би можеле да бидат погрешно протолкувани и луѓето би можеле да се стават во непотребен ризик “, рече Хајден.