Најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), денеска ќе одржи конвенција, на која треба да го избере новиот партиски лидер, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во рокот определен при распишувањето на изборот, до четвтртокот во 17 часот, кандидатурата за претседател на партијата ја истакна единствено членот на тесното партиско раководство, 41-годишниот Мемли Красниќи.

Досегашниот вршител на должноста претседател на ПДК, Енвер Хоџај пред два дена на прес-конференција објави дека нема да се кандидира за челната партиска функција.

Конвенцијата, која ќе започне 9.30 часот во Приштина, е поделена на два дела, од кои првиот, кој што ќе можат да го проследат и медиумите, ќе биде церемонијален, а вториот работен и затворен за јавноста.

Двајцата претходни водачи на ПДК, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е и основач на партијата и неговиот наследник, поранешниот спикер на Собранието на Косово, Кадри Весели, од минатата есен се наоѓаат во притвор во Хаг, каде што, како на водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), им се суди пред Меѓународниот суд за воени лосторствва во Косово во војната од 1998-99 година.