Во овој контекст дозволете ми да потенцирам дека целосното, конзистентно имплементирање на Договорот од Преспа е начин за обезбедување на напредокот. Две години откако Договорот стапи на сила препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името. Но, потребен е поголем напредок, од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет сајтови, а од друга страна потребен е и прекин на антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти, истакна на денешната прес конференција Никос Дендиас, грчкиот министер за надворешни работи на средбата со Бујар Османи, надворешниот министер на Северна.

Драг министер, мораме да кажам дека кристално јасно во договорот од Преспа е тоа што се случувало во антиката и едно нешто е јасно. Со цела должна почит, вашите сонародници, вие го прифативте тоа, не војувале со Александар Велики. Тие не биле присутни во битката кај Граник, кај Ис, во Гавгамела, го искара Дендиас, Османи.

Тој молчеше на сето ова. Не одговри ништо. Но, затоа вети доследно почитување на Преспанскиот договор.

Двајцата министри денеска во Атина потпишаа три меморандуми, со кои меѓудругото се предвидува зголемена економска соработка меѓу двете држави.

-Се соочуваме со сериозни инфраструктурни и енергетски проекти, преку изградбата на интерконекторот за трансмисија на гас, поврзување на државите со гасовод, реконструкција на постоечките нафтени цевководи. Учество во изградбата гасниот терминал во Александропулис,истакна Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

-Економската соработка, енергетскиот сектор и интер контективноста се во прв план во нашите проекти за зголемена соработката. Има уште многу да се направи врз основа на нашиот билатерален акциски план. Мора да охрабриме зголемена трговија и нови инвестиции. Тие имаат потенцијал да донесат повеќе работни места и просперитет во нашите две држави,вели Никос Дендиас – Министер за надворешни работи на Грција.