Скандалозна изјава на грчкиот министер за надворешни работи Денедиас во присуство на Бујар Османи при нивната средба во Атина. Дендиас порача дека името „Северна“ треба да се користи и приватно, како и од страна на интернет порталите. Молкот на Османи на сето ова, не значи ништо друго освен одобрување, како што впрочем молкот се сфаќа и во правото и во меѓународните односи:

„Две години откако Договорот стапи на сила препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името. Но, потребен е поголем напредок, од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет сајтови, а од друга страна потребен е и прекин на антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти, истакна на денешната прес конференција Никос Дендиас, грчкиот министер за надворешни работи на средбата со Бујар Османи, надворешниот министер на Северна.

Повеќе за нивната средба на следниот линк: