Денеска е 28 март (по стар стил) и се слави Преподобен Иларион.

Игумен на манастирот Пеликит, близу Хелеспонт. Со Духот Божји блесна како сонце.

Исцелуваше болести кај луѓето и изгонуваше демони.

Во времето на Лав Ерменин настана иконоборно гонење во кое пострада и овој Божји човек. Го испратија во ропство во прогонство близу Ефес заедно со неговите четириесетмина монаси и во 754 година се упокои во затворот.