Денеска е 8 јули (по стар стил) и се слави Преподобен Теофил Мироточив.

Теофил е родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник.

Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во Ивирон и најпосле во ќелијата на Свети Василиј близу Кареја.

Овој свет човек ја одби понудата да го прими солунското архиепископство. Со длабоко безмолвие, богомислие и срдечна молитва, успеа да си го очисти умот од сите страсни помисли, па стана чист сад на Светиот Дух и во него живееше Христос.

Пред смртта му нареди на својот ученик Исаак кога ќе умре да не го погребува, туку да го врзе со јаже за нозете, да го одвлечка и да го фрли во потокот. Со голем страв ученикот така и направи.

Но, Божјата Промисла ги откри моштите на свети Теофил и кога ги пренесоа во ќелијата, почнаа да точат чудотворно миро.

Се упокои на 8 јули 1548 година.