10 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари.

Денеска е Св. Тарасиј Цариградски.

Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патријархот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден манастир. Свети Тарасиј беше претседател на Седмиот вселенски собор во 787 година, на кој му беше зададен решавачкиот удар на иконоборството. Ова големо светило на православната црква се упокои во 806 година.

2. Прeп. Пафнутиј Кeфалас. Oвoј свeтитeл бил сoврeмeник на св. Антoниј Вeлики. За нeгo сe збoрува дeка 80 гoдини нoсeл eднo истo расo. Св. Антoниј висoкo гo цeнeл и на ситe им гoвoрeл дeка тoа e вистински пoдвижник, кoј умee да ги лeкува и да ги спасува душитe.