Благодарност за конструктивниот дијалог што го имаме со Македонскиот полициски синдикат – преку многу дебати, многу соочувања, спротивставени ставови, дојдовме до добри резултати и тој принцип ќе продолжи понатаму.

Ова е изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод Први мај, а истата на својот официјален профил на Фејсбук ја објавува и полицискиот синдикат

– Сакам да се заблагодарам на сите колеги, затоа што сите овие резултати не можат да бидат резултати на еден човек, ова се резултати на целиот тим, на добрата визија и стратешка поставеност. Честит 1 Мај!- додава Спасовски во објавата на Македонскиот полициски синдикат.

На денот кога низ светот се одржуваат протести, во Македонија синдикатите и министрите си изразуваат задоволство од соработката. Заклучокот од тоа е дека нешто не е во ред со светот или пак премногу е арно во Македонија. Видеото може да го отворите ТУКА.