Убава вест, по синоќешниот апел што беше објавен од нејзиното семејство: Пронајдена е струмичанката Соња Атанасова која вчера беше прогласена за исчезната.

Како што објави и Денешен, Атанасова која вчера исчезна, денеска е пронајдена и е во добра состојба, известија за портал Струмица денес најблиските на Соња.

Од семејството испратија голема благодарност до сите кои помогнаа во пронапѓањето.

Полицијата денеска ги соопшти деталите за овој настан:

На 15.11.2019 во Полициска станица Струмица, Д.А.(60) од с. Дабиле пријавил дека од домот се одалечила неговата ќерка С.А.(34), лице со здравствени проблеми, која и претходно во неколку наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад.

По преземени мерки од полициските службеници од СВР Струмица, С.А. е пронајдена во с.Водоча и е однесена во Медицински центар во Струмица.