Кошаркарите на Вашингтон визардс забележаа победа на гостувањето кај Денвер Нагетс и покрај тоа што домаќините беа фаворити на овој меч.

За разлика од Денвер, изненадување не дозволи актуелниот шампион Голден стејт кој беше убедлив пред своите навивачи на рсредбата со Шарлот хорнетс.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу недела и понеделник:

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 102:130
Сан Антонио – Сакраменто 106:113
Денвер – Вашингтон 90:95
Голден стејт – Шарлот 137:90
ЛА клиперс – Мемфис 113:96.

Плеј-оф од Западната конференција изборија: Голден стејт, Денвер, Хјустон, Портланд, Јута, ЛА клиперс, Оклахома и Сан Антонио.

Од Истокот место во разигрувањето за титулата досега изборија: Милвоки, Торонто, Филаделфија, Бостон и Индијана.